Денес со пригодна свеченост и литургија беше одбележана храмовата слава посветена на Св. Власиј, но и селската слава која ја празнува Ложани.
На Литургијата покрај парохискиот свештеник Отец Ристе присуствуваа свештеници од Охрид и Струга како и свештеникот од албанската Православна црква Алекс Темелко од Пустец.
Воедно беа одбележани и 135 години од изградбата на храмот посветен на Св. Власиј чиј заштитник е на селото Ложани близу Струга.
