Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ја провери фактичката состојба и потврди дека се е чисто со пријавениот имотот на пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче и воедно го затвори предметот. По проверките во Катастарот, Централниот регистар, МВР, УЈП и повеќе банки, утврдиле дека анкетниот лист на Филипче бил целосен и нема прикривање на податоци за имот.
Предметот беше отворен лани кога владеачката партија го обвини Филипче дека не пријавил имот во анкетниот лист во ДКСК и неговата имотна состојба се разликува од претходната состојба на завршување на мандатот како министер за здравство.
Во септември портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на прес-конференција обвини дека наводно податоците од двата анкетни листа на Филипче не соодветствуваат еден со друг и најави претставка до ДКСК.