Објавено на:

И покрај најавениот дожд маглата нема да нѐ напушти, нестабилното време ќе трае до понеделник

t

Времето денеска e променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла, а кон крајот на денот со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела врнежите наместа ќе бидат пообилни, а поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе бидат претежно од снег. На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми. Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: ВЛЕН ја води Македонија во опасна…

Поранешниот министер за надворешни работи на Македонија,…

Турската полиција употреби водени топови против студентите…

Студентите утрово се собраа во близина на…

Кенеди планира да отпушти 10.000 здравствени работници

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги…

Апелација утре ќе одлучува за жалбите на…

Апелациониот суд во Штип утре ќе одлучува…

Уште тројца повредени во кочанската трагедија пренесени…

Уште тројца пациенти повредени во пожарот во…