
Руските сили во четвртокот извршија жесток удар за разбивање на најголемата групација украински војници во руската Курска област, од кои стотици навлегле во историски манастир надевајќи се руската армија нема да го гаѓа и да ги истине од нивното последно поголемо упориште на руска територија, објавија руски и украински воени блогери.
Украинските сили ненадејно упаднаа на руската погранична територија ланскиот август и заземаа главно ненаселен област од речиси 1.400 квадратни километри. Киев сакаше да го задржи овој дел од територијата за да го употреби за размена на територијата при евентуални преговори за ставање крај на војната.
Меѓутоа, оваа операција ја чинеше Украина десетици илјади жртви од најобучените и најдобро опремените единици, а руската војска од почетокот на март поведе офанзива за конечно истиснување на украинските војници преку границата, така што областа под украинска контрола и за неколку седмици е драстично смалена и се сведе на неколку џебови во руско опкружување.
Последните објавени мапи од боиштето на Deep State, украински проект за податоци од боиштето кој се потпиа и на разузнавачки информации споделени од западните сојузници, покажува дека украинските сили држат уште еден мал дел од Курската област. Поради тоа, за да го ослаи притисокот на нив, украинската команда се обидува но без успех да направи продор во соседната погранична руска Белородска област.
Руското Министерство за одбрана и руските воени блогери објавија дека се водат тешки борби во Горнал, Гиево и Олешна, села на границата со украинската Сумска област каде што веќе продреа руските единици кон крајот на февруари.
Украина настојува да ја организира својата одбрана на ридовите околу Горнал каде што повеќе од 300 војници се кријат во Горналскиот манастир, објави Маш, канал на платформата Telegram кој се смета за близок на руските безбедносни сили.
Украина засега не ги коментираше случувањата во Курската област за која денеска известуваат руските извори, а агенцијата Reuters наведува дека не може да ги потврди информациите од независни извори. Само наведув дека на каналот на Telegram на манастирот немало коментари за воени операции во оваа област, а не наведува од кога не се ажурирани објавите на овој канал.
Блогот Маш објави дека под манастирот се наоѓаат подземни премини низ коишто украинската војска ги евакуираат ранетите и доставуваат муниција.
Каналот SHOT, пак, на Telegram објави дека Украина доведува засилување во селото Горнал преки премините под манастирот.
Воениот блогер „Дневникот на падобранецот“ објави дека доколку Украина ги загуби Гуево и Горнал, руските единици лесно ќе ја преминат границата и ќе ги зголемат своите сили во украинската Сумска област.
„Територијата и пејзажот во оваа област се такви што, доколку непријателот го загуби овој дел, следи рамница и непријателот нема да може да ја одбрани Сумската област“, објави блогерот.
Минатата седмица високо позициониран украински генерал предупреди дека руските единици ги засилуваат нападите по должината на украинската североисточна граница во обид да се пробијат во Сумската област, додавајќи дека неговите единици спроведуваат одбранбени и офанзивни операции за да ја задржат тампон зоната во рамките на Курската област.
Извор од прорускиот отпор во украинската Сумска област за руските медиуми изјави дека украинската команда на војниците опколени во Гуево, а станувало според овој извор за неодамна мобилизрани војници, им наредила да не отстапуваат по ниедна цена.