Жестока расправа на седницата на Комисијата за социјални прашања и демографија

Расправија, паузи и висок тон. Вообичаена атмосфера на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Така помина и денешната седница. Предлог законот за бранители кој на секоја расправа ја вжештува атмосферата - и денеска не се најде на дневниот ред. 

Поминаа само измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Но, други предлог точки - претставниците од владината коалиција - не дозволија да бидат ставени на комисиската расправаа. 

Јованка Тренчевска од СДСМ, побара процедурално да се дополни дневниот ред, со ставање предлог Законот за правата на бранителите. Владините преставници со образложение во одбрана на пратеничката Салиу-Фетаи. Таа според деловникот како што посочија треба да ја води седницата на Комисијата со однапред утврден дневен ред. 

Незадоволни од работата на Фетаи како претседавач на Комисијата, СДСМ против неа најавија кривична пријава. Оттаму велат дека таа грубо го прекришила Деловникот. Најавија дека ќе поднесат и иницијатива до Уставниот суд - со којашто ќе бараат да се утврди и прекршување на правото на пратениците 

Од ноември минатата година, започна несогласувањето во комисијата. Претходната претседателка Илире Даути одбиваше да го стави на дневен ред Предлог-законот за бранители, со образложение дека истиот треба да биде во заедничко законско решение  со припадниците на ОНА.

Собранието во јануари изгласа интерпелација на Даути за „несовесно, неодговорно и противзаконско однесување“ со кое го кочела Законот за бранители .Една недела подоцна Даути поднесе оставка. Од тоагш имаше повеќе обиоди за поминување на законот за бранителите поднесен од пратеничката Славјанка Петровска. Во меѓувреме Даути денеска на фејсбук поддржано со документи објавува дека на овој предлог закон му поминало времето да се најде на комисиската расправа.