logo
logo
logo

Министерството за образование на САД остана затворено од „безбедносни причини“

Vecer | 12.03.2025

Министерството за образование на САД остана затворено од „безбедносни причини“

Необичниот чекор уследи по ветувањето на претседателот Доналд Трамп дека ќе го затвори одделот како дел од неговиот план да префрли поголема одговорност за образованието на државните влади.

Вработените со допис се предупредени дека не смеат да влезат во зградата на министерството до 18 часот по локално време денеска.

Си-Ен-Ен јави дека се очекува Министерството за образование да намали половина од својот персонал, кој моментално брои околу 4.000 луѓе.

Националната океанска и атмосферска служба ќе намали десет отсто од своите вработени, што е еднакво на 1.029 лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk