Промоција на книгата „На врв од острицата“ од Сузана В. Спасовска


Друштвото на писателите на Македонија и издавачката куќа „Макавеј“ ве покануваат на промоцијата на книгата „На врв од острицата“ од Сузана В. Спасовска, која ќе се одржи во вторник, 8.4.2025 г., со почеток во 19:00 часот во Друштвото на писателите на Македонија.

Промотори на книгата ќе бидат: Соња Стојменска-Елзесер и Владимир Мартиновски.


„’На врв од острицата’ е критичко-есеистичка книга во која се собрани текстови што ја отсликуваат критичарската активност на авторката во текот на повеќе од две децении. Она што ги обединува овие текстови е живиот, страстен и едуциран интерес на Спасовска за македонската литература и во тие рамки, доминантно за поезијата. Токму таквиот фокус ѝ придодава посебно значење на оваа книга, која со самиот наслов ја манифестира тенденцијата да биде валоризаторски аналитична, прецизна и јасна.

На околу триста страници, авторката загатнува низа значајни проблемски пунктови и преку анализите и коментарите првенствено придонесува за опфатно и квалитетно толкување на македонската современа поезија, како и на поопштите процеси и појави во македонската литература, но и на некои глобални културолошки феномени.“ (Соња Стојменска-Елзесер).


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ОТКРИЕНА ТАЈНАТА КАКО СЛАВНИТЕ СИМНУВААТ КИЛОГРАМИ КАКО НА ШЕГА: Сите најголеми ѕвезди користат ОЗЕМПИК но никој не знае дали е опасен?

Оземпик е лек против дијабетес кој стана сојузник број 1 на Холивуд за слабеење. Решивме …