Почина и вториот пациент што се лекуваше во Литванија, пожарот во Кочани ја зеде 61. жртва
- Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја зеде 61. жртва. Почина и вториот пациент што се лекуваше во Литванија, а беше во критична состојба уште од почетокот, соопшти денес министерот за здравство на Северна Македонија, Арбен Таравари

СКОПЈЕ (АА) - Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја зеде 61. жртва. Почина и вториот пациент што се лекуваше во Литванија, а беше во критична состојба уште од почетокот, соопшти денес министерот за здравство на Северна Македонија, Арбен Таравари, пренесува Анадолу.
Министерот за здравство рече дека на 17 март 29-годишниот Александар Гавриловски во тешка состојба бил пренесен во Литванија од Градската болница, а на 4 април неговата состојба почнала да се влошува.
„Жална вест, сакам да ве информирам дека денес во 11 часот почина и вториот пациент што се лекуваше во Литванија, 29-годишен што беше во критична состојба уште од почетокот. На 17 март беше пренесен од Градската болница. Неговата состојба беше тешка, а од 4 април уште повеќе му се влошуваше. Од вчера беше на дијализа“, изјави Таравари.
Тој рече дека Гавриловски бил еден од потешките пациенти, со 35 % изгореници од трет степен, а имал и изгореници на дишните патишта.
„Александар Гавриловски имаше 35 % изгореници од трет степен, изгореници на дишните патишта и беше еден од потешките пациенти. Другите двајца засега се критични, но во стабилна состојба. Се надеваме дека ќе бидат подобро“, рече Таравари.
Министерот Таравари рече дека од пациентите што се лекуваат надвор од земјата ова е втор починат, а двајца пациенти сѐ уште се критични.
Тој информираше дека во моментов 66 пациенти се лекуваат надвор од државата, а 10 пациенти се на лекување во болници во земјава.
Во моментов се лекуваат вкупно 66 пациенти, а во земјава се лекуваат десет пациенти и изрази надеж дека повеќе ќе нема лоши вести.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.