Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се огласи на својот Инстаграм профил и испрати моќна порака.
– Србија живее, напиша Вучиќ покрај фотографијата од Генералното собрание на Обединетите нации кога обвиен со српското знаме се бореше и ја порази срамната резолуција за геноцидот во Сребреница.
Да потсетиме, студентите денеска одржуваат протести во Белград. По блокирањето на главните сообраќајници и раскрсници на неколку локации во градот, сите се собраа кај Славија. Инаку, протестот кој беше најавен за денеска не е пријавен во МВР на Србија, што нормално е обврска на секој организатор.
Додека во Белград продолжуваат протестите, претседателот Вучиќ со фотографија ги потсети сите што се бореа за Србија.