Португалија најави пакет заеми од 10 милијарди евра поради американските царини

Привремената влада на Португалија денеска најави пакет заеми и други мерки во вредност од повеќе од 10 милијарди евра за да и помогне на економијата да го преброди влијанието на американските царини.

„Светот што го знаевме се промени, мораме да се прилагодиме и да реагираме, нема сигурност што не чека, но не бевме изненадени“, изјави премиерот Луис Монтенегро.

Португалскиот министер за економија Педро Реис рече дека пакетот ќе вклучува 5,2 милијарди евра за финансиски линии за обртниот капитал и инвестиции на компаниите, како и 3,5 милијарди евра специјално за вложувањата на извозниците, заедно со 400 милиони евра грантови. 

Зачлени се на нашиот е-билтен