Кога не функционира системот, природно е да се активираат граѓаните

Полицијата на една страна - поршето на друга страна, пајак службата наблудувач. Оваа реакција на граѓаните доаѓа откако и самите тие изреволтирани од начинот на тоа за кого се ваѓи законот а за кого не. 

Од МВР информираа дека настанот се случил на 22 март и дека се преземени мерки. 

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски на Фејсбук се заблагодари на  екипите на ПОЦ кои, според градоначалникот, неуморно работат на санкционирање на несовесни возачи. Герасимовски побара од МВР да ги санкционира полициските службеници кои не постапуваат при очигледни прекршоци. 

„Благодарност до екипите на ПОЦ кои неуморно работат на санкционирање на несовесни возачи. Ја поздравувам и активноста на граѓаните кои бараат санкционирање на сите оние коишто со своите возила ги блокираат улиците и велосипедските патеки во Центар. Истовремено, недозволиво е полициски службеник да не сака да си ја врши својата работа. Барам од МВР да ги санкционира полициските службеници кои не постапуваат при очигледни прекршоци. Недозволива е селективноста при казнување на граѓаните“, напиша Герасимовски. 

Од видеото се гледа како граѓаните бараат да се почитуваат законите но и потсетуваат на селективноста во спроведувањето на законите.