ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.02.2025
ТикТок предизвик повторно опасност за младите
Автор: Goce Author

ТикТок предизвик со парацетамол се шири по социјалните мрежи, лекари предупредуваат на опасноста. Досега во Македонија не е регистриран случај, но се предупредува на опасноста од можното ширење на овој тренд и кај нас.

Од Клиниката за токсикологија досега нема информација дека млади пациенти биле примени по опасниот ТикТок „Предизвик со парацетамол“. Ова денеска го истакна министерот за здравство, Арбен Таравари.

Image by Freepik

Таравари во изјава за медиумите вели дека првпат ја слуша ваквата информација бидејќи, како што посочува, ниту самиот не ја користи платформата ТикТок.

Младите се предизвикуваат меѓусебно – кој ќе земе поголема доза од лекот против болки, парацетамол е најновиот тренд помеѓу младите како еден вид игра на ТикТок, но случаите на деца кои страдаат од предозирање се зголемуваат во швајцарските кантони Фрибург, Јура и Вауд. Злоупотребата на парацетамол може да влијае на различни органи, понекогаш и неповратно, предупредуваат лекарите.

Докторот Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук профил веќе предупреди за опасниост предизвик. Според него, труењата со парацетамол се меѓу најсмртоносните труења со лекови. Дури и мали дози 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб.

-20-40 таблети предизвикуваат сериозни труења и оштетувања на црниот дроб, а труењата со над 50 таблети многу често завршуваат со смрт, дури и при интензивно лекување. Секоја година 30-50% од акутните трансплантации на црниот дроб во САД и Европа се прават поради труења со овој лек, објави докторот, додавајќи:

-Ако сепак се случи труење, а не се поминати 2-4 часа, веднаш дадете 10 таблети медицински јаглен и АЦЦ (2 кесички) и веднаш побарајте лекарска помош.

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието