• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Договор за соработка меѓу НЦУК „Ацо Шопов“ од Штип и Универзитетот „Еуропа Прима“

Договор за соработка меѓу НЦУК „Ацо Шопов“ од Штип и Универзитетот „Еуропа Прима“

Скопје, 18 октомври 2023 (МИА) - Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип,  Горан Трајков, и генералната директорка на Меѓународниот универзитет за аудиовизуелни уметности „Еуропа Прима“, Весна Огненовска, денеска во просториите на Центарот ќе потпишат протокол за соработка.

Со овој документ е предвидена размена на кадар и ресурси меѓу двете институции - актери, режисери и други театарски дејци од Центарот за култура во Штип ќе учестуваат во работа на проекти на Универзитетот „Еуропа Прима“ и ќе може да ги користат техничките, просторните и кадровските можности на Универзитетот за доедукација и претставување на свои проекти пред пошироката јавност, особено од областа на аудио и звучниот инженеринг, продукција и културен менаџмент, фотографија, камера, монтажа, режија, драматургија, современа актерска игра, осветлување на сценски простор, анимација, филм, применета музика и др.

Центарот за култура со своите сценски просторни и технички можности и кадровскиот потенцијал ќе биде домаќин на проекти на Универзитетот „Еуропа Прима“, пред се театарски претстави, работилници, едукативни активности, курсеви од областа на аудиовизуелните уметности и медиумската култура.

Предвидена е соработка која опфаќа гостувања во Штип на претстави од Меѓународниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, студентски претстави, концерти и рецитали, проекции на филмови од меѓународните филмски фестивали СЕЕ Берлин и Париз, проекции на документрни и анимирани филмови од продукцијата на „Еуропа Прима“...  Договорот предвидува и копродукциски проекти од областа на аудиовизуелните уметности и соработка на Центарот за култура од Штип со повеќе универзитети од Европа со кои соработува Уиверзитетот „Европа Прима“, како и заедничко конкурирање со проекти пред европските фондови.

По потпишувањето на договорот ќе се одржи работилница на тема „Театарската критика и медиумите денес“ со учество на професори од универзитетот „Еуропа Прима“. мч/хс/

фото: МИА архива

Остани поврзан