Проблеми без граници: Нова тешка повреда на Лисандро Мартинез

Манчестер Јунајтед претрпе уште еден пораз на домашен терен, овојпат од екипата на Кристал Палас, а „црвените ѓаволи“ згора на тоа останаа без стандарден првотимец на подолг период.

Лисандро Мартинез заработи тешка повреда на коленото во второто полувреме и со солзи во очите на носилки беше изнесен од теренот, по што стравувањата се дека аргентинскиот дефанзивец ќе отсуствува најмалку осум месеци од терените.

„Тоа е сериозен проблем. Тој не само што е голем играч, туку е и важен карактер за нас во соблекувалната. Лисандро веднаш покажа дека повредата е сериозна, но ние ќе бидеме тука за него да му помогнеме“, изјави тренерот Рубен Аморим.

Се вчитува...