
Руските вооружени сили го подигнаа руското знаме во близина на администрацијата на градот Суџа, во курската област, а центарот на градот е вратен под руска контрола.
На објавената снимка се гледа централниот градски плоштад. Неколку руски војници стојат со знамињата на Руската Федерација, Руската империја, Воздухопловните сили…
Продолжува расчистувањето на Суџа од украинските вооружени сили, каде што руските вооружени сили го подигнаа руското знаме, непријателот сè уште се крие во подрумите на станбените згради, велат за РИА Новости војниците на воената група „Север“.
„Руските војници го скршија отпор на непријателот и ги избркаа од централните области на Суџа. Чистењето на окружниот центар ќе продолжи и по подигнувањето на знамето. Украинските окупатори сè уште се кријат во многу подруми, но тие повеќе нема да играат никаква улога”, велат борците на Север.
Руските сили во неделата изведоа напад во окупираниот руски градот Суџа, искористувајќи го гасоводот за да ги изненадат украинските единици како дел од големата офанзива за протерување на украинските војници од западниот руски регион Курск. Војниците ползеле околу 15 километри по главниот гасовод, а некои поминале неколку дена во цевководот пред да ги изненадат украинските сили од заднината во близина на Суџа. Главните мерни објекти на гасоводот што го транспортираше рускиот природен гас до украинскиот систем за транспорт на гас за натамошен транспорт во Европа се изградени во Суџа.
Судџа е град во пограничниот регион Курск со Украина, кој се наоѓа на југозападниот дел на регионот, на 80 километри од Курск. Во август 2024 година, Суџа стана најголемата населба оја падна под контрола на Украинските вооружени сили.