logo
logo
logo

Жител на областа Иркутск осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина

Vecer | 14.03.2025

Жител на областа Иркутск осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина

По нејзината инвазија на соседната земја во февруари 2022 година, Русија започна масовна акција против критичарите на војната, а судењата за „предавство“, „тероризам“, „екстремизам“, „саботажа“ и „шпионажа“ се зголемуваат.

-„Убеден поддржувач“ на „Легијата на слободата на Русија“, која е класифицирана како терористичка организација од руските власти, Сергеј Брјуханов „е осуден на 14 години затвор“, се вели во соопштението на Вториот источен окружен суд.

Тој беше обвинет дека контактирал со организацијата која регрутирала волонтери за Украина и се приклучил во нејзините редови, се вели во соопштението на судот.

-И покрај тоа што сфатил дека оваа организација е контролирана и водена од украинските специјални служби и дека спроведува акции насочени кон безбедноста на Русија, Брјуханов извршил „предавство со собирање и пренесување информации за стратешки објекти до Министерството за одбрана, напиша судот.

Тој е обвинет и за гравирање на симболите на организацијата на различни места во Иркутск и ангажирање на неговите роднини да му помогнат во неговите активности, се вели во соопштението. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk