
Нова изложба „Форми што летаат, меѓународни уметници во француските колекции“ во МСУ
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 08 Април 2025

Вечерва со почеток во 20 часот, во Музејот на современа уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Форми што летаат, меѓународни уметници во француските колекции“, со бројни дела од четириесет реномирани уметници од колекцијата на МСУ-Скопје и 4 актуелни уметници од колекцијата на МСУ Лион.
Низ селекција на значајни дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје, од автори како Карлос Круз-Диез, Хисао Домото, Ана-Ева Бергман, Пјотр Ковалски, Зоран Мушиќ, Енрике Пејсере, се истакнуваат уметници и од целиот свет, кои по Втората светска војна заминуваат во Париз, каде се формираат многубројни меѓународни уметнички заедници.
Селекција на дела од современи и реномирани автори од Музејот за современа уметност во Лион, како Јасмина Чибиќ, Даниеле Вале-Клајнер, Анж Лесија и Шурук Хриеш ќе бидат премиерно прикажани за време на изложбата. Тоа дополнително ќе влијае на размислата за миграциите на уметниците и важноста на културната размена.
Кураторот на изложбата е г. Матје Лелиевр, Директор на оделот на колекции во Музејот на современа уметност во Лион.
Изложбата ќе ја отворат Тихомир Топузовски, в.д Директор на Музејот на современата
уметност-Скопје, Филип Маршето, прв советник во Амбасадата на Франција и Матје Лелиевр, одговорен за одделот „колекции“ во Музејот на современа уметност во Лион и куратор на изложбата
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
