ЌЕ ИМАМЕ ЛИ УСПЕШЕН БОЈКОТ НА МАРКЕТИТЕ – акцијата се прошири во скоро сите поранешни Југословенски земји

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2025
Ќе биде ли успешен денешниот бојкот на продавниците и какви ефекти ќе донесе истиот. По минатонеделниот бојкот во Хрватска, апели за бојкот на маркетите се споделуваа низ социјалните мрежи и за денеска и тоа за скоро сите поранешни југословенски земји.
И Македонија денес бојкотира, дали ќе успее бојкотот на маркетите, останува да видиме. Но, како што многумина видоа, најавите за бојкот поттикнаа реакции од маркетите.
Дел од синџирите маркети најавија дека од денес ќе започнат со акции во кои ќе ги намалат цените на основните производи, други маркети пак најавија попис.
По повиците на социјалните мрежи граѓаните во петок да не пазаруваат во маркетите поради високите цени како што тоа се случи во Хрватска, а такви акции се најавени и во Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Црна Гора, надлежните најавија ригорозни контроли во маркетите и трговските објекти и итна реакција на терен.
- Состојбата што ја затекнавме е алармантно катаклизмична. Има различни начини за справување со предизвиците, замрзнување на цени, замрзнување на маржите, замрзнување на дистрибутивните маржи… Тоа што ние прво го напрвивме е имплементирање на Законот за нефер трговски пракси, разговаравме со производителите и коморите се со цел да не применуваме офанзивни рестриктивни политики, туку тоа да биде со консензуален пристап и како резултат на тоа ја направивме новогодишната потрошувачка кошничка – кажа вчера во Собрание премиерот Христијан Мицкоски.
Потоа додаде дека дел од производителите, дистрибутерите и маркетите, се служат со трикови што доведе до поскапување на одредени производи, како што на пример беше цената на маслото за јадење. Тој претходно најави засилени контроли во маркетите, кои од вчера и се применуваа.
Пазарна влезе во маркетите, се чешла документацијата во изминатите 5-6 месеци за да се види како се однесувале трговците. Од Пазарниот инспекторат информираат дека инспекторите прибираат документација за да се направи анализа како се движела бруто профитната маржа, но овој пат одлучиле да се анализира подолг временски период наназад.
Поради растот на цените, вчера на седницата посветена на пратенички прашања, пратеничката од редовите на СДСМ и поранешен министер за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во врска со најавениот бојкот на маркетите, поради дивеењето на цените упати пратеничко прашање до премиерот. Таа запраша дали тој ќе им се извини на граѓаните за погрешните економски политики кои доживеаја дебакл, и кои овозможија да се богатат трговците, за сметка на осиромашување на граѓаните.
Премиерот пак појасни дека растот на цените во маркетите бил поттикнат од цените на берзите, според она што му го кажале производителите, но притоа најави дека инспекциите ќе ги чешлаат маркетите, а потоа ќе го прошират опфатот и ќе ја проверуваат документацијата и на аптеките.
- Оваа акција ќе добие и свое второ полувреме и затоа апелирам до сопствениците на аптеки да размислат, а ќе има и трето полувреме за синџирите за бела техника. Ние пошироко ќе гледаме на оваа состојба бидејќи се влегува во потрошувачката кошничка, вклучувајќи ја и продажбата на текстил - нагласи Мицкоски и додаде дека во следниот период Владата планира намалување на парафискалните давачки, односно како што рече, нешто што позитивно ќе влијае на намалување на цените.
Граѓаните за Фактор веќе споделија дека ќе бојкотираат и дека денеска нема да ги посетат маркетите.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ПЕТ МАКЕДОНСКИ ОТВОРЕНИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ? Тежат 255 милиони евра!

КОМПАНИИТЕ ДА ОРГАНИЗИРААТ ПРЕВОЗ ИЛИ ДА ИСПЛАТАТ ПАРИ ЗА ГОРИВО – еве го предлогот на Левица за заштита на работниците

М-р Наташа Јаневска во „Бизнис-клуб“: „Комората ја зацврстува својата улога во развојот на дуалното образование“

ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ВО МИНАТАТА ГОДИНА: „АЛКАЛОИД“ СО КОНСОЛИДИРАНИ ПРОДАЖБИ ОД 308,9 МИЛИОНИ ЕВРА - раст на консолидираниот извоз од 14 отсто и со 253 нови вработувања

ВЕЛЕШКИ „КРИСТАЛ“ УСПЕА ДА ИСКРИСТАЛИЗИРА ЧИСТА ДОБИВКА ОД 280 ИЛЈАДИ ЕВРА - еве што им го донесе профитот повисок за дури 200 проценти

ПЛАТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА ВРТОГЛАВО РИПНАА, НО ЗА ТОА НЕ Е ВИНОВНА ДОБРАТА ЕКОНОМСКА СОСТОЈБА: Ова е главната причина

СИТЕ ОЧЕКУВААТ ДА ГО ВРАТАТ ВЛОЖЕНОТО: Дали Украина е доволно „богата“ за да ги врати долговите?

ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ БАНКАРИ ЗАМЕНЕТИ ОД ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Најголемата банка во Сингапур подготвува откази

Како Македонија ќе ги искористи минералните богатства? МАНУ презентираше предлог стратегија во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини
