Две првенства од следната сезона ќе имаат дополнително место во Лигата на шампионите, благодарение на перформансите оваа сезона. Минатата сезона Германија (Борусија Дортмунд) и Италија (Болоња) ја имаа таа чест, откако овие две земји беа подобри од Англија, Шпанија и Франција во таа битка.
За следната сезона официјално Англија веќе го обезбеди дополнителното место во ЛШ, така што и петтопласираниот од ова првенство ќе игра во најелитното европско натпреварување.
Засега блиску до тоа второ место е шпанската Ла Лига, која има два тима во 1/4 финалето и тоа Барселона и Реал Мадрид. Два тима има и Англија (Арсенал и Астон Вила) и Германија (Борусија Дортмунд и Баерн Минхен), додека по еден имаат Франција (ПСЖ) и Италија (Интер).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА