Николоски: Паѓа во вода пропагандата дека јас и Мицкоски имаме нешто против Бугарија и дека сме биле оска со Атина и Белград

од Nikola Popovski
95 прегледи

Ние остануваме силно посветени на изградба на железничкиот Коридор 8. Во моментов атквино се работи на втората секција во должина од 34 километри од Бељаковце до Крива Паланка. Остануваме посветени на дијалог со Бугарија со цел изнаоѓање на техничко прифатливо решение во однос натунелот кој треба да ги спои двете држави. Коридорот 8 е важен за регионот и цела Еврпа. Тоа е НАТО коридор и втор најзначаен коридор во НАТО, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Александар Николоски откако Бугарија реши да го стопира проектот од изградбата на железничкиот коридор 8 кон Македонија.

Министерот истакна дека со жалење ја примил информацијата која е официјален документ од бугарската влада со кој што одлучиле да ги тргнат средствата кои што претходно биле предвидени за реконструкција на пругата Софија-Ѓуешево.

-Таа е во очајна состојба. (Во Бугарија) Испраќаат политичка порака за нивната посветеност на изградбата на желензичкиот Коридор 8. Паѓа во вода целата пропаганда тоа што во изминатите месеци бевме напаѓани јас и премиерот Мицкоски дека имаме нешто против Бугарија и дека сме биле некаква оска Атина-Белград и слични глупости. Вистината излезе, а тоа е дека тоа било само залажување и пред јавноста и пред европските партнери. Утрово испратив писма до европските институции и до двете европски банки, имајќи превид дека Македонија има потпишано договори за кредит за Коридорот 8 во висина од 350 милиони евра и за истите доколку не се искористат, ќе треба да плати резервации. Мораме да го заштитиме финансискиот интерес на државата, рече Николоски пред медиумите.

Тој додаде дека втората фаза од наша страна ќе биде изградена, а рокот е до октомври 2026 година. Според Николоски, третата фаза има смисла само доколку се поврземе со Бугарија и дека не можеме да изградиме тунел до половина.

Слични содржини