Lifestyle
СТАОРЕЦ ПОСТАВИЛ СВЕТСКИ РЕКОРД ВО ПРОНАОЃАЊЕ НА НАГАЗНИ МИНИ
06.04.2025
Стаорецот кој пронаѓа нагазни мини во Камбоџа постави нов светски рекорд, станувајќи првиот глодар кој открил повеќе од 100 нагазни мини и други смртоносни направи кои биле оставени во војната.
Ронин, африканскиот џиновски стаорец, открил 109 нагазни мини и 15 неексплодирани убојни средства од 2021 година, се вели во соопштението на хуманитарната организација за обука на животни Апопо.
Во Камбоџа сè уште има милиони неексплодирани убојни средства по 20 години граѓанска војна која заврши во 1998 година.
Овие глодари се тренирани да надушкаат хемикалии пронајдени во нагазни мини и друго оружје оставено на боиштата.
Поради нивната големина, стаорците не се доволно тешки за да ги активираат мините.
Тие можат да проверат површина со големина на тениско игралиште за околу 30 минути, велат од добротворната организација, додека на човек со детектор за метал ќе му требаат четири дена да го исчисти истиот терен, објави српската редакција на BBC News.
фото freepic