СОС: За хотелот на Мијалков во Охрид уништена шума стара 70 години

Освен што се коси со Планот за управување со регионот, на местото каде секојдневно расте хотелот на Мијалкови на ридот Горица е уништена шума стара 70 години велат активистите на Охрид СОС и иницијативата О2 според кои  општината и државата не ја почитуваат одлуката на комитетот на Унеско да ја запрат изградбата на градби во Студенчишкото блато, Горица Север и Горица 3 се додека не се направи стратегиска оцена за влијанието врз животната средина и оценка на влијанието врз наследствто.

„На таа локација во 2011 година е подметнат пожар каде горат треви и борови.Според МВР поради немање соодветна пријава од инспекторатот за пожари нема водено истрага за предизвикан пожар.Теренот се расчистува, а покрај изгореното се сечат и здрави стебла. Се добива огромен простор која останува така безмалку една деценија." - пишуваат од Охрид СОС.

Хотелот е на парцела од 15.778 м2, на една од најатрактивните локации близу претседателската вила Билјана. 

„По планот за менаџирање на Охрид ги исполнува условите, затоа што не е во линијата на 50 метри од Охридско Езеро. Може да исполнува катност П плус три и 40 % искористеност на градба, а овој објект е прв спрат, минус еден и минус два, не е ниту четири спрата туку е три спрата и е 22% искористеност на парцелата.- велат од општината.

Странските експерти кои се занимаваат со прашањето на УНЕСКО ги потсетуваат Властите на адекватна заштита и управување со регионот. 

Инаку „Охрид ЅОЅ“ овој случај го вклучил и во коментарите доставени до Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО и други меѓународни организации.