Бизнис
Вељаноски: Во следниов период очекуваме зголемена побарувачка за услуги поврзани со зелена енергија, сајбер безбедност и автоматизација
Метална и електроиндустрија
Економија и бизнис | печатено издание | 15 март 2025г.
Јован Вељаноски, член на УО на Здружението на металната индустрија и електроиндустријата, менаџер во АПАВЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛ
Апаве, како лидер во областа на управување со ризици, инспекција, тестирање и сертификација, е во срцето на индустриските промени. Во моментов, главниот фокус е на одржливоста, на дигитализацијата и на зголемената потреба за безбедност и квалитет. Овие трендови се движечка сила која ги трансформира традиционалните индустриски процеси.
Компаниите сега се соочуваат со зголемени барања за намалување на нивниот еколошки отпечаток. Ова ги поттикнува да инвестираат во иновативни технологии и во одржливи практики. Дигитализацијата е уште еден клучен фактор, со автоматизацијата и со аналитика на податоците, што ги подобрува ефикасноста и продуктивноста.
Перспективите за компаниите во нашиот сектор се позитивни бидејќи свеста за безбедност и за квалитет постојано расте. Сепак, има и предизвици. Недостатокот на квалификувана работна сила, брзите технолошки промени и глобалните економски нестабилности се клучни фактори што треба да се земат предвид.
За да останеме конкурентни, Апаве е посветена на континуирано инвестирање во развојот на нашите вработени и прилагодување на новите трендови. Ја прошируваме нашата понуда на услуги за да одговориме на растечките потреби на нашите клиенти, со посебен акцент на одржливоста и на дигитализацијата.
Во следниов период очекуваме зголемена побарувачка за услуги поврзани со зелена енергија, сајбер безбедност и автоматизација. Апаве е подготвена да одговори на овие предизвици и да продолжи да биде доверлив партнер за нашите клиенти, обезбедувајќи им квалитетни и иновативни решенија.