Шпанија без Родри, но со сите други ѕвезди ќе ја нападне Холандија во ЛН

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Де Ла Фуенте, го објави списокот на повикани фудбалери кои ќе конкурираат за настап во четвртфиналниот двомеч со Холандија во Лигата на нации. 

Актуелниот континентален владетел ќе се потпре на проверени фудбалери кои минатото лето се прошетаа до европската титула, а селекторот реши да не прави големи и драстични промени. 

На списокот се наоѓаат скоро сите играчи што настапија на Европското првенство, со исклучок на најдобриот светски фудбалер, Родри, кој уште закрепнува од тешката повреда на лигаментите. 

„Фуријата“ ќе ја нападне Холандија со младите ѕвезди како Јамал, Кубарси, Педри, Олмо, Нико Вилијамс, а тука се и поискусните играчи како Кукуреља, Фабијан Руиз и капитенот Алваро Мората.

Првиот четвртфинален меч од Лигата на нации ќе се одигра на 20 март во Холандија, а реваншот е закажан за три дена подоцна.