Бизнис

Василевски: Техничкото знаење мора да е поткрепа за развој на иновативните производи и за подобрување на квалитетот на производите

Метална и електроиндустрија

Економија и бизнис | печатено издание | 15 март 2025г.

м-р Богдан Василевски, член на УО на Здружението на металната индустрија и електроиндустријата, технички директор, МАКИТЕЛ ДООЕЛ

 

МАКИТЕЛ е компанија за производство на дистрибутивни, на енергетски и на специјални трансформатори, која 18 години работи на развој на нови производи и со помош на непрекинати обуки и надградби за развој на тимот станува лидер во делот на иновативноста. Главната позитивна карактеристика на оваа фабрика е флексибилноста во работењето, брзиот одѕив на менаџерскиот тим и стратегиско-
-реформациското работење на производството кое зависи од обемот и потребите на производството. Нашиот интегриран систем ни овозможува функционалноста да ја прилагодиме на трендот на користење на модерната технологија во производството и во испитувањето на производите притоа проектирајќи решенија со ниски ЕКО-загуби според светската регулатива, иновирајќи повеќе од 2 800 различни типови на трансформатори за различна намена и задоволувајќи ги барањата и потребите на секој наш клиент. Нашата ориентација да одговориме персонализирано на секој клиент ни овозможи 18 години да извезуваме во 22 земји во светот и да одговориме позитивно на секое барање.
Развојот на индустријата во нашава држава го гледам во нагорна линија само доколку сите менаџери се инволвирани во процесите на искористување на техничките капацитети на своите тимови преку континуирани стручни надградби. Обемот на работа ќе се зголеми со автоматизирање на процесите, додека вештачката интелигенција ќе резултира со поголема ефикасност. Секој тим што утре ќе биде поквалификуван од денес и технички поспремен од вчера ќе направи одлична основа за „индустриска револуција“ кај нас. Мотивацијата на тимот треба да биде на највисоко ниво за да се генерираат развојни идеи. Техничкото знаење мора да е поткрепа за развој на иновативните производи и за подобрување на квалитетот на производите со што се гарантира подобра иднина.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано