• сабота, 05 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Две банди на Хаити упаднале во затвор и ослободиле 500 затвореници во градот Миребалаисас

Две банди на Хаити упаднале во затвор и ослободиле 500 затвореници во градот Миребалаисас

Порт-О-Пренес, 1 април 2025 (МИА) – Членови на една од многуте банди на Хаити упаднаа во затворот во градот Миребалаис во централниот дел на земјата и ослободија околу 500 затвореници.

Портпаролот на националната полиција изјави дека дополнителни полициски сили се распоредени во градот, што се наоѓа на 50 километри североисточно од главниот град Порт-о-Пренс.

Полицијата соопшти дека повторно ја презела контролата врз Миребалис, но локалните извештаи предупредуваат дека многу од бегалците се уште се на улиците.

Вооружените банди го контролираат речиси целиот главен град, но овој најнов напад сугерира дека тие сè повеќе ги напаѓаат градовите во другите делови на земјата, пишува Би-Би-Си.

Миребалаис се наоѓа на крстосница на двата главни патишта - едниот води на север кон брегот, а другиот оди на исток кон Доминиканската Република.

Жителите јавуваат дека силно вооружени напаѓачи пукале во згради и минувачи и палеле згради и автомобили, предизвикувајќи паника кај локалното население.

Напаѓачите ја нападнале и локалната полициска станица и упаднале во затворот во кој имало околу 500 луѓе, ослободувајќи ги приведените.

Еден локален радиски новинар изјави дека нападот го извршиле две банди - 400 од „Мавозо“ и групата која се нарекува „Талибанци“ - и двете се дел од пошироката коалиција Вив Ансам, која ги контролира северните делови на Порт-о-Пренс.

Се претпоставува дека двете групи се обидуваат да ја преземат контролата врз клучните патишта кои водат од нивните области кон внатрешноста на земјата.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан