Страотни сцени од местото на трагедијата: Двајца загинати и четворица повредени во тешката сообраќајна несреќ…

Трагедија на наплатната рампа Полимилос на автопатот Игнација во Кожани, со двајца загинати и четворица повредени, е билансот во сообраќајната несреќа што се случи вечерва. Камион и два автомобили се зафатени од пламен, додека наплатната рампа е уништена, јавуваат грчките медиуми.

Сето тоа се случило нешто по 16 часот, додека видливоста во областа била слаба поради густата магла. Сцената веднаш по судирот наликуваше на бомбардиран пејзаж, при што огнот гореше подолго време во уништените автомобили и камионот, објавија медиумите.

Сè уште не е јасно како точно дошло до несреќата, но првичните информации „покажуваат“ дека камионот удрил во двата автомобила и ја предизвикал трагедијата.

По кобната сообраќајна несреќа, камионџијата е уапсен од страна на Сообраќајната полиција на Верија и ќе биде пренесен во Кожани.

Камерите на наплатната станица се уништени од пожарот, но снимката што ја снимиле е зачувана на централниот сервер и се очекува оттаму да се извади видео снимката за да се расветлат околностите на сообраќајната несреќа.

Забележано е дека од судирот веднаш избувнал пожар и две лица во автомобилите биле јагленисани до смрт.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде