Во присуство на голем број поклоници на ликовната уметност во Галеријата и Музеј “Ранко Струмениковски“ на свечен начин беше отворена изложба на дела на Ристо Ристовски кој потекнува од Битола (Брусник-Нижеполе), а кој инаку е татко на академскиот сликар, академик Васко Ташковски.На присутните љубители на ликовната уметност, бројни колеги сликари им се обрати академик Васко Ташковски кој искажа непосредни моменти и настани за животот и творештвото на својот татко уметник Ристо Ристовски.
За вредностите на ликовното творештво на авторот Ристовски, говореше познатиот ликовен критичар Владо Ѓорески, а за отворена изложбата ја прогласи новинарот и галерист Драган Ристевски.
Изложбата на делата на Ристовски инспирирани од руралниот живот и амбиентот на нашево македонско поднебје предизвикаа голем интерес кај публиката.
На изложбата беше промовирана и монографија за животот и ликовниот опус на репрезентативниот наивен сликар самоук, Ристо Ристовски во која се опфатени над 300 слики изработени со темпера и тоа за неколку години во текот на неговиот живот, во околности на здравствени проблеми.
Фото: Дамијана Ристевска