Самсоненко му го предава тренинг-центарот во Хиподром на Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар наскоро ќе го има тренинг-центарот во клупска сопственост, затоа што актуелното раководство е пред финализација на договорот со стариот газда Сергеј Самсоненко.

Рускиот бизнисмен го остави Вардар во долгови кои и денес се чистат, а во замена за расчистување на долговите, црвено-црните ќе го добијат тренинг-центарот во Хиподром. Во моментов, газда на објектот е Самсоненко. Клубот тренира во овој центар кој ја подобри внатрешната инфраструктура.

Останува да се работи на надворешноста, каде терените не се во перфектна состојба, како и опремата околу нив, како што е на пример оградата која е оштетена, водниот систем и слично.