МВР: Вклучена внатрешната контрола за случајот со непрописно паркираното возило во Дебар Маало

Министерството за внатрешни работи информира дека по објавата на видеото на социјалните мрежи, на кое се гледа непрописно паркирано возило со скопски регистарски таблички во Дебар Маало, веќе постапува Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

Случајот се случил на 22 март 2025 година, а возилото било подигнато од ЈП „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ). СВР Скопје му издал платен налог на возачот С.К. согласно член 63, став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Од МВР потенцираат дека возилото не е сопственост на полициски службеник, како што се шпекулираше во јавноста.

Министерството истакнува дека внатрешната контрола веќе спроведува постапка за утврдување на евентуални пропусти во постапувањето на полициските службеници, а по нејзиното завршување, јавноста ќе биде соодветно информирана.

„Професионалното постапување е наша обврска и во секој случај каде што ќе има сомнеж, ќе има и целосна проверка“, стои во реакцијата на МВР.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното