Балканците повеќе не се добредојдени во Германија

Партиите кои ќе ја формираат новата влада во Берлин – Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) и Социјалдемократската партија (SPD) – ќе има дополнително ограничување на бројот на работници од Југоисточна Европа што доаѓаат во Германија преку посебниот т.н. „балкански модел“.

Според договорот објавен од германската новинска агенција DPA, максималниот број дозволи за влез ќе биде намален на 25.000 годишно. Претходната влада ја зголеми таа квота од 25.000 на 50.000, а новото правило стапи на сила од 1 јуни 2024 година.

Ограничувањето се однесува на работници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. За да се преселат во Германија преку овој модел, граѓаните од овие земји ќе мора однапред да имаат потпишан договор за работа – и ова важи дури и за неквалификуваните работници.

Мерката е воведена за да се спречи неосновано барање на азил во Германија. Работната дозвола мора да се побара од матичната земја, а нема да биде одобрена доколку апликантот во последните 24 месеци примал социјална помош за азиланти.

Според податоците, до крајот на ноември 2023 година, околу 79.500 лица во Германија имале дозвола за престој преку овој модел. До крајот на 2023 година, нивниот број бил околу 76.000.

Зачлени се на нашиот е-билтен