Како што беше речено така е и сторено, екипата на Јени Маале од Битола пристигна во Милано, Италија, каде ќе одигра пријателски натпревар против екипата на Брера Милано петок во 20:30 часот, под рефлектори.
-Создадени за искрено другарство и исполнување на детските соништа оваа екипа руши рекорди во однос на организираност и поставување на предизвици која секоја година се остваруваат. Аматерска екипа за која не постојат препреки е гордост на Битола и е повеќе од еден обичен клуб. Се чувствуваме возбудено да се оди во Милано 40 луѓе е макотрпна работа која бара голема пожртвуваност, но кога го правите тоа со голема љубов е премногу лесно. И за крај колку љубов ќе вложите во било кое поле толку и ќе ви се врати. На сите нас сонот е исполнет, но веќе сонуваме за следна година и дистинација, а кога сме ние во прашање знаеме дека и тој сон ќе стане реалност, ни рече Никола Пискачев од Милано, Италија.