Фенербахче по завршувањето на сезоната ќе ја растури балканската колонија во клубот. Како што сега стојат работите во клубот ќе остане само Србинот, Огњен Мимовиќ, кој во јануари дојде од Црвена звезда за 8,7 милиони евра и веднаш беше испратен на позајмица во Зенит.
Турските медиуми, објавија дека клубот нема да им ги продолжи договорите на ветераните Един Џеко и Душан Тадиќ. Засега нема информации дали Фенербахче има намера да го откупи договорот на Филип Костиќ од Јувентус.
Покрај овие тројца клубит ќе го напушти и голманот Доминик Ливаковиќ, кој од почетокот на годината речиси и не брани.
Медиумите кои го следат Фенербахче објавија дека клубот за хрватскиот репрезентативец ќе бара обесштетување од 10 милиони евра. Ливаковиќ кариерата најеверојатно ќе ја продолжи во Премиер лигата.