Денес, недела, 2 февруари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 11 степени.
Утре, 3 февруари, во Битола времето ќе биде променливо облачно, со можна појава на магла. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 1о степени.