Нема, нема па Серија А или фудбалска Италија ќе ја потресе некој скандал. Овојпат обложувачки во кој се вклучени неколку познати ѕвезди и тоа за нелегално обложување.
Интересно е тоа што оваа истрага е продолжение на онаа од пред неколку години во случајот со Сандро Тонали и Николо Фаџоли.
Според истрагата играчите биле поврзани со неколку менаџери на нелегални платформи за онлајн обложување. Во целиот криминален акт била вклучена и златарница во Милано.
Во секој случај интересно, а поинтересно е тоа што под истрага се и ѕвезди како Алесандро Флоренци, Николо Заниоло, Матија Перин, Вестон Мекени, Леандро Паредес, Анхел Ди Марија… и други.
Добро за нив е со тоа што би можеле да минат со казна од 250 евра, исто така добро е што не се обложувале на екипите во кои играле. Тоа го правеле за покер игри и разни онлајн игри коо биле нелегални.