ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.06.2024
Social Day по четврти пат ги обедини младите и работодавците
Автор: Goce Author

Social Day по четврти пат се одржа во Македонија, како ден во кој се среќаваат младите од една, и компаниите од дуга страна.

„Активно граѓанство, солидарност, волонтирање, кариерен развој, општествена одговорност, младински фонд, поддршка, соработка, одржливост. Уникатен концепт, добро познат на глобално ниво, моќна алатка за солидарност и општествена одговорност, кој на 5ти јуни 2024г. по четврти пат ги обедини младите и возрасните во нашата земја.

Ден кога 245 млади од Северна Македонија стекнаа искуство за работата која отсекогаш ја посакувале, а истовремено се ангажираа во заедницата за да им овозможат на своите врсници подобра положба во земјата.

Ден кога над 60 општествено одговорни домашни компании и организации обезбедија работни позиции за младите и донираа време, знаење и финансиски средства за доброто на младите. 249,000 денари изнесува младинскиот фонд креиран преку соработка на младите и возрасните, кој во наредните месеци ќе придонесе за спроведување на младински проекти.“

Преку Social Day до ангажирани заедници

Токму ова се главните резултати од четвртиот SOCIAL DAY во Северна Македонија, спроведен од Здружение на граѓани Младите можат на 5ти јуни 2024г во градовите Скопје, Велес, Радовиш, Тетово, Струмица, Гевгелија, Богданци, Неготино, Дојран, Битола, Гостивар. На овој ден 60тина домашни компании и организации земаа учество и обезбедија позиции за 245 млади, меѓу кои: Комерцијална Банка АД Скопје, Кодит Солушн, Приватна агенција ДЕКРА , ИТ Лабс, Рудник Бучим Радовиш, А1 Македонија, Аптеки Еурофарм, општина Центар, Кеслер, РЕК Битола, итн.

Импресиите по завршување на работниот ден се позитивни, дел од младите си ја потврдија желбата кон одредена професија, дел од нив разбраа дека сакаат нешто друго да работат. Но, најважното од се, секој од нив се стекна со ново искуство и доби можност да истражува и спознава нови работи.

„Преку Social Day сакаме да видиме ангажирани заедници, соработка помеѓу државните институции, граѓанските организации и бизнис секторот, поддршка од родителите, врсниците, наставниците, младинските работници и кариерните советници, кои креираат овозможувачки и поддржувачки средини за младите. Веруваме во млади коишто размислуваат глобално, но делуваат локално, млади кои имаат развиено чувство за солидарност, млади кои го инвестираат своето време за подобрување на состојбите во својата заедница, млади кои веруваат во одржлив свет.” – изјави Анита Николовска, Извршен директор на Здружение на граѓани Младите можат.

Yoco Join – иницијатива за поактивни млади
Штип УГД во борба за одбојкарската титула