Јокиќ пак со трипл дабл, ама сега помогна и Портер

t

Екипата на Денвер Нагетс го совлада Њу Орлеанс и дојде до 31. победа во сезоната во НБА лигата.

Тимот од Колорадо славеше со 125-113 во уште едно одлично издание на Никола Јокиќ иако српскиот ас не беше најдобар играч во својот. Тој го оствари 23. трипл дабл оваа сезона и деветти во последните 11 натпревари, постигнувајќи 27 поени, 14 скока и 10 асистенции, но честитки заслужува и Портер кој го одигра својот најдобар натпревар сезонава и постигна 36 поени.

Домаќините завршија најголем дел од работата во првото полувреме кое го добија со 68-50. Пред крајот на третиот период Њу Орлеанс направи серија од 10-0 и се доближи на само осум поени негатива, но Денвер не дозволи драма или евентуален пресврт и рано ги реши сите дилеми.

Најефикасен играч на мечот беше гостинскиот кошаркар Треј Марфи кој постигна 41 поен, а Мекалум додаде 30.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на полицијата во Црна Гора…

Поранешниот директор на Полициската управа на Црна…

Скопјанка пријавила дека 11 години помладиот партнер…

Жена од Скопје вчера пријавила во полиција…

Зеленски: Украина нема да ја признае американската…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Американски авион се враќал од пола пат…

Авион на американската компанија „Јунајтед ерлајнс“, кој…