Свет

Германија бара единство и сила во одговорот на ЕУ на американските царини

Германија бара единство и сила во одговорот на ЕУ на американските царини

Европската унија мора да покаже единство и сила во одговорот на царините воведени од САД, изјавија германските министри за економија и финансии.

„Силата на Европа е нашата сила. Ние го имаме најголемиот единствен пазар во светот и мора да го искористиме тоа“, рече министерот за економија Роберт Хабек.

Министерот за финансии Јорг Кукис, исто така, ја истакна потребата од решителен одговор на ЕУ, но во исто време истакна дека блокот е отворен за преговори.

„Би било наивно да се мисли дека работите ќе се подобрат ако само седиме и гледаме. Очекувам силен одговор од Европската унија“, изјави Кукис за Би-Би-Си, додавајќи дека „вратата за договор останува отворена“.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа воведе царини од 20 отсто за стоките од ЕУ кои се увезуваат во САД.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен остро ги критикуваше новите царини, предупредувајќи дека тие ќе имаат „катастрофални последици“ за економијата и милиони луѓе ширум светот.

Таа најави дека ЕУ веќе подготвува контрамерки и го нагласи европското единство и одлучност.

To top