
Македонија оствари напредок од десет места според Индексот на демократијата за 2024 година, на листата што ја изработува британскиот магазин Економис, објави во петокот премиерот Христијан Мицкоски.

„Бележиме скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година на листата на Економист, наоѓајќи се на 62 место на листата“, објави Мицкоски.
Од земјите од регионот за минатата година зад Македонија се рангирани Србија, Албанија и Босна и Херцековина. Северниот сосед е на 64-то место, западниот на 66-то, а БиХ на 88-то место.
Притоа премиерот Мицкоски постетива дека претхоните две години, во 2023-та и 2022-та, Македонија се наоѓаше на 72-то место на листата на Економист според Индексот на листата за демократија.
„Продолжуваме заедно да работиме и да ја нормализираме државата. Македонија ќе биде повторно ваша!“, порачува Мицкоски.