Легендарниот американски пејач и фронтмен на групата „The Youngbloods“, Џеси Колин Јанг, почина на 84-годишна возраст.
Неговата сопруга и менаџер потврдија дека уметникот, Џеси Колин Јанг, чиј глас ја прослави химната на Youngbloods од 60-тите Get Together, со вистинското име Пери Милер, починал во неделата попладне во неговиот дом во Ајкен, Јужна Каролина.
View this post on Instagram
Во песна која во 1969 година стигна до петтото место на топ листите, Џеси Колин Јанг пееше дека сите треба да се соберат и да се насмеат еден на друг и да се сакаат, пренесува Данас.
Роден во Квинс, Њујорк, Џеси Колин Јанг знаеше да свири на неколку инструменти и веќе во 60-тите редовно настапуваше и издаде два соло албуми.
Потоа се здружи со Џери Корбит, Лоуел „Банана“ Левингер и Џо Бауер за да ги формира The Youngbloods.
Бендот сними вкупно пет албуми, но хитот Get Together беше дел од дебито. Таа песна веќе постоеше во верзии пред оваа композиција, а има и по оваа, но оваа е најуспешна.
Беше вклучена на саундтракот за филмот Форест Гамп, а го играше Лиза Симпсон на Симпсонови. Гарт Брукс ја вклучи во неговиот албум од 1999 година, кој го издаде под псевдонимот Крис Гејнс.
Јанг напиша песни како Darkness Darkness и Sunlight пред да се распаднат The Youngbloods во 1972 година, а потоа објави уште неколку соло албуми.
Со сопругата основаше независна издавачка куќа и го издаде својот последен албум наречен Dreamers во 2019 година.
Пејачот ќе остане запаметен по неговиот карактеристичен вокал во познатата хипи химна „Get Together“, која стигна до Топ 5 во 1969 година.
Иако тој не ја напиша оваа песна, Џеси беше одговорен за многу други хитови на бендот, вклучувајќи ги „Darkness, Darkness“, „Sunlight“ и „Ride the Wind“.
фото: printscreen/YouTube/instgaram/jessecolinyoung