Денес на ски-патеката “Копанки“ со “возење“ на слаломот заврши Алпскиот куп кој беше во организација на скијачката федерација на Македонија, а во техничка организација на ски клубот Пелистер од Битола. Околу стотина малди скијали поминаа одлична два дена на Пелистер, учествува на две детски трки во велеслалом и слалом, а од Битола како рекоа ќе понесат само убави спомени.
Претседателот на ски-клубот Пелистер од Битола, Митко Милевски, за денешниот ден рече:
-Честитки до сите деца натпреварувачи, посебно затоа што патеката воопшто не беше за потценување, како и за сите кои помогнаа да се одржи овој Алспки куп на ова ниво. Сите тренери, натпреварувачи, поддржувачи и гости потврдија дека стазата беше подготвена како оние во Австрија, а нам како на организатори многу ни значат овие зборови, а со тоа покажавме дека на Пелистер е престиж да се тренира и натпреварува. Се надевам, како ни најавија некои клубови, ќе ја искористат одлично подготвената патека и ќе одржат тука тренинзи.
За жал денес младиот скијач на Пелистер, Јаков Мицевски во категорија У-16, по одличната прва трка, во желба да се прикаже во што подобро издание пред битолската публика и да го поправи својот резултат, не успеа да ја заврши трката во слалом иако според она што можевме да го видиме во првата половина на слаломот имаше одличен старт, а ако не форсираше ќе има медал денес.
И во вчерашната трка во велеслалом Јаков Мицевски во категорија У-16 освои второ место, а пласман обезбеди и малата Ирина Каравилоска во У-8 категорија. Исто така и Матеа Нолева во категорија на скијачи У-12 освои сребрен медал.
Текст и фото: Сашо Ристевски