• Зоран Мишевски

По осум одиграни кола во пролетниот дел на Првата фудбалска лига табелата на најуспешните и најнеуспешните екипи во 2025 година откриваат многу работи за овој шампионат. Шкендија е убедливо најуспешна, а Брера Струмица најнеуспешна екипа во вториот дел на сезоната.
Пријатно изненадување е Вардар, а непријатно Гостивар. Битката за титулата, за Европа и за опстанок во лигата останува отворена, иако впечаток е дека многу работи можат да бидат познати пред крајот и последното коло на 18 мај.
Најуспешни екипи во пролетниот дел на ПМФЛ:
1. Шкендија 19
2. Силекс 15
3. Вардар 15
4. Шкупи 11
Најнеуспешни екипи во пролетниот дел на ПМФЛ:
1. Брера 2
2. Тиквеш 8
3. Гостивар 9
4. Воска Спорт 10
Четири екипи преку шампионатот и Купот на Македонија ќе ја претставуваат Македонија во евро-куповите следната сезона.