Осомничените за злоупотребите со набавките на мазут од над 165 милиони евра се во притвор, единствено поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски е во бегство. Меѓу осомничените се сопствениците на РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски како и Асмир Јахоски, сопственик на Пуцко Петрол и син на пратеник на ДУИ.
Истрагата почнала и со активности за проверка на еколошки кривични дела бидејќи постојат сомнежи дека во ТЕЦ Неготино се трошел и мазут со лош квалитет и опасен за здравјето и животната средина, открива КОД во вечерашното издание.
Во вечерашното издание на КОД и за зделките кои фирмите на осомничените Сулкоски и Јахоски ги добиле последните месеци додека траела истрагата за мазутот кој ЕСМ го купувал за ТЕЦ Неготино. КОД е по вечерните вести на Телма.
View this post on Instagram