Анадолу Ефес најмалку шест недели без одличниот француски плејмејкер

Плејмејкерот на Анадолу Ефес, Родриг Беабуа, заработи незгодна повреда на листот и ќе отсуствува од терените најмалку шест недели, јавија турските медиуми. 

Французинот сезонава е меѓу подобрите поединци и бележеше просек од 8,9 поени во Евролигата, што значи дека ова е сериозен удар за тимот кој веќе избори пласман во плеј-офот на елитното натпреварување. 

Беабуа се повреди на натпреварот против Црвена Звезда во Белград, каде неговиот тим славеше по две продолженија и го обезбеди најмалку шестото место во конечниот пласман.