Двојно зголем водостојот на Вардар во центар на Велес споредено со изминатата недела

Објавено на 2 април, 2025 во 10:11
Фото:Архива на Дума.мк

Двојно зголемена е висината на водостојот на река Вардар, по обилните и непрекинати  врнежи од дожд во изминативе денови, на мерното место кај Стар Мост споредено со изминатата недела. Денеска висината на водата во реката изнесува 160 сантиметри.  Засега нема опасност од излевање бидејќи критичната точка е на висина од 250 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Разликата на водостојот на Вардар во изминатите 24  изнесува 8 сантиметри повеќе поточно ако вчера бил  152, а завчера, во неделата, изнесувал 138 сантиметри за два дена нивото на водата   е зголемено за 22 сантиметри.

Пред осум дена, на 26 март, нивото во речното корито на реката во центарот на Велес, изнесувало 88 а наредниот ден паднало за 2 сантиметри што споредено со денеска кога изнесува  160 сантиметри е скоро двојно повеќе.

Според УХРМ, просечното ниво на водостојот на Вардар во месец април изнесува 111 сантиметри.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.