Пелистер – Чаир 76:72
Пелистер од Битола е вториот полуфиналист во Купот на Македонија, што се игра во Гевгелија, откако битолчани славеа на денешниот дуел со Чаир со резултат 76:72, во натпревар во кој 40 минути има водство, највисокот од +12, а чаирчани само на два пати израмнија.
Новото засилување Гамбрел беше клучен играч, а последните поени за победа ги постигна Лука Стојановски, први за него во четвртфиналето, но постигнати на десет секунди до крајот за конечните +4 за Пелистер.
Пелистер отворија одлично направија 10:2, а потоа Чаир намали на 10:9, по што следуваше тајмаут на Трајковиќ и нова серија. Мишковиќ беше одличен, постигна 12 поени во првите 10 минути, на крајот беше 25:20. Гамбрел и Мишковиќ беа во главна улога и во вториот период, а на одмор се отиде со +5, за Пелистер, 41-36.
Во третата четвртина двара тима имаа свои минути, а Пелистер поведе со 12 поени разлика. Од другата страна Чаир постигна девет поени во серија, а на крајот од третата четвртина беше 62:60, а Пелистер во последната четвртина влезе само со +2.
Тешко погодуваа двата тима на стартот на последната четвртина, а на два пати Чаир израмнуваше. Не успеааја ништо повеќе во завршните минути по реализациите на Костоски, и Гамбрел за 74:72 на 90 секунди до крајот. Лука Стојановски со извонреден офанзивен скок стави печат на победата на Пелистер, за 76:72.
Мишковиќ со 23 поени и 11 скокови беше најдобар поединец кај Пелистер, Американецот Гамбрел дебитираше со 20 поени во дресот на битолчани.
Противник на Пелистер во полуфиналето ќе биде подобриот од вечерашниот дуел меѓу вечните ривали Работнички и МЗТ Скопје.