• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Комплетирани четвртфиналните двојки во ракометната ЛШ

Комплетирани четвртфиналните двојки во ракометната ЛШ


Париз, 4 април 2025 (МИА) – Ракометарите на унгарскиот ПИК Сегед се последниот тим што се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), откако синоќа извојуваа гостинска победа над француски ПСЖ со 35-25 (17-11), со што ја надополнија негативата од првиот дуел (30-31).
Унгарците до победата ги предводеше хрватскиот репрезентативец Марио Шоштариќ, кој постигна седум голови, и дојде до бројката од 114 голови со што е најефикасен сезонава во ЛШ.
Рекордер во ракометната ЛШ во една сезона е Данецот Микел Хансен, кој во 2015/2016 година, постигна 141 гол во дресот на ПСЖ.
ПИК Сегед во четвртфиналето ќе игра против Барселона, а останатите двојки се: Веспрем – Магдебург, Спортинг – Нант и Алборг – Фуксе Берлин. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан