Бројните фанови на Фенербахче имаат спортска вечер за заборав бидејќи порази претрпеа и фудбалерите и кошаркарите на овој истанбулски клуб.
Најпрвин кошаркарите, кои беа први на табелата во Евролигата, дозволија Барселона како победник да си замине од Истанбул. На Фенер му е сеедно дали ќе биде прв или втор, во плејофот секако ќе има домашна предност, но на Каталонците им требаше победата во битка за што подобар пласман на табелата и можеби директен влез во плејофот.
Барса победи со 83-75 благодарение на големиот пад на турскиот тим во второто полувреме. На пауза Фенербахче водеше со 11 поени разлика, но во цело второ полувреме домашните дадоа само 25 поени.
Фудбалскиот тим на Фенербахче беше елиминиран во четвртфиналето на турскиот куп, и тоа на најболниот можен начин, на свој терен против Галатасарај. Најголемиот ривал на Фенер победи со 2-1, со два гола на Виктор Осимен.
Како и секогаш на ова големо дерби, имаше контроверзии и инцидент во финишот, а во мешаницата кај клупите тројца фудбалери добија црвени картони.
Инаку претходно навивачите на Галатасарај обвинуваа дека голот на Фенербахче бил од офсајд, иако во ВАР-собата потврдија дека била регуларна позицијата на стрелецот Шимански по додавањето од Талиска.
Од друга страна, навивачите на Фенербахче не можат да им простат на судиите за недосуден пенал кога Ајхан од Галатасарај играше со рака во својот 16-ник. Погледнете ја спорната ситуација:
Net penaltimiz verilmedi, Allah belanizi versin!#FBvGS
pic.twitter.com/g7Ie8hxPCF— Fahir Efendi (@FahirEfendi) April 2, 2025