Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година. Новина и оваа година е електронското пријавување, кое ќе се врши преку системот за електронски услуги на МОН: https://euslugi.mon.gov.mk, со посебна најава преку корисничките сметки на учениците на порталот schools.mk.
Предвидени се два уписни рока во јуни и еден во август.
📌 Првиот рок за електронско пријавување ќе се одржи од 14 јуни (00:00 часот) до 17 јуни (23:59 часот), а доставата на потребната документација во избраното училиште ќе биде на 18 и 19 јуни. Резултатите и слободните места ќе се објават на 20 јуни.
📌 Вториот уписен рок е закажан за 30 јуни, документацијата се носи на 1 јули, а конечната ранг-листа ќе биде објавена на 2 јули.
📌 Августовскиот рок ќе се реализира на 21 август.
Во Конкурсот детално се наведени условите за упис, минималниот број поени за пријавување, потребните документи и насоки за спроведување на целокупната постапка.
МОН ги повикува идните средношколци навремено да се информираат и подготват, како би обезбедиле сигурен упис во саканото училиште и образовен профил.