Бизнис

ПЛАТИ ОД 6.000 ЕВРА, НО ТИЕ НЕ СЕ АТРАКТИВНИ ЗА ГЕРМАНЦИТЕ!

02.02.2025

Во Германија има повеќе професии за кои просечната месечна плата надминува и над 6.000 евра, но сепак овие работни места не се доволно атрактивни за германските граѓани. Според пишувањата на тамошните медиуми, меѓу добро платените работи е вработување во црковната служба. Свештеник во Германија има просечна бруто плата од 6.230 евра. Некои од свештениците примаат и повисока плата, но за да се заработи оваа сума потребно е да се исполнат строгите услови во Католичката црква. За да се добие статусот на свештеник од повисок ранг потребни се седум години црковна служба. Меѓутоа, за да се заврши теологија бара и повеќе време и одречување, што не е многу привлечно за многу млади Германци. Покрај високата плата свештениците добиваат на користење службен стан.

За професијата медиа планер се дава бруто плата од 7.000 евра, а главна задача на вработениот е да прави забавна програма за телевизија.

Со ширењето на трендот на вегетаријанството и веганството, многу млади лица одбиваат да се вработат како месар. За ова занимање постои голема понуда и годишно  за бруто плата се даваат 33.500 евра.

Добро платено работно место во Германија е возач на шлепер со годишна бруто плата меѓу 31.480 и 36.760 евра, пренесува Н1.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО